Во Скопје вчера казнети се 31 возач за брзо возење, а 85 за непрописно паркирање

Во текот на изминатото деноноќие во Скопје се казнети 31 возач за брзо возење, двајца биле под дејство на алкохол, 12 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и еден почетник, информира СВР Скопје.

Во текот на изминатите 24 часа во Скопје се случиле вкупно пет сообраќајни незгоди, од кои во две со лесни телесни повреди се здобиле две лица и во три е причинета материјална штета. Сообраќајната полиција издала 85 казни за непрописно паркирање, а со „пајак“ подигнати се 81 возило.

Од сообраќај се исклучени и четири нерегистрирани возила. На црвено светло поминале тројца возачи, пет возачи се казнети за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување, четири возачи не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница, двајца возачи не носеле зимска опрема во возилото, 20 не носеле сигурносен појас, а 28 користеле мобилен телефон.

Во истиот период казнети биле и седум пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин.

Одделението за превенција денеска ќе реализира посебна воспитна сообраќајна мерка на која ќе присуствуваат граѓани кои направиле прекршоци по разни основи во својство на возачи.

Кој беше против осудата на комунизмот. За работите да станат појасни.

повеќе

Со потпишувањето на Преспанскиот договор се чинеше дека се отстрани единствената пречка за македонската интеграција во ЕУ и НАТО.

повеќе

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе