Во Скопје вчера казнети 25 шофери за возење под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 171 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 48 санкции, 15 за возење без возачка дозвола, 25 за возење под дејство на алкохол, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 9 мерки за користење мобилен телефон, 3 за минување на црвено светло, 13 за возач почетник, 31 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

 

 

 

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе