Во Скопје вчера казнети 14 моторџии

Министерството за внатрешни работи вчера, во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на Скопје изрече вкупно 129 мерки, меѓу кои 32 за возење повеќе од дозволената брзина, една за возење без возачка дозвола и 14 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Исто така, изречени се десет санкции за користење мобилен телефон, две за минување на затворен сигнал (црвено светло), три за некористење сигурносен појас и 46 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголемиме безбедноста во сообраќајот.

 

 

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе