Во Скопје вчера имало 7 сообраќајки

Вчера на подрачјето на Скопје се случиле седум сообраќајни незгоди од кои четири со телесни повреди и три со материјална штета.

При сообраќајните незгоди четири лица се здобиле со лесни телесни повреди.

17 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со брзина поголема од дозволената, а 20 возачи се исклучени од сообраќајот - 17 од нив немале дозвола, двајца биле возачи почетници и еден возач возел под дејство на алкохол.

Исто така, десетмина возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, четворица не дале првенство на минување на пешаци, еден неправилно престигнувал, а тројца возачи не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница. Покрај ова, од сообраќај биле исклучени 17 возила бидејќи биле нерегистрирани.

Во текот на изминатиот ден издадени се 96 мандатни платни налози,  додека 64 возила се подигнати со "Пајак". 

Црпнатиот Принц од Муртино и библиската земја.

повеќе

Денес спортот и спортистите се дел од политиката и служат како средство за препукување меѓу политичарите.

повеќе

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе