Во Скопје тешко повредени пешак и велосипедист

На крстосницата од улиците „Ферид Бајрам“ и „Мара Маждуречка“ во Скопје вчера патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А. (55) од Скопје удрило во Д.Ј. (65) од Скопје.

По несреќата, Д.Ј. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. 

Синоќа било пријавено дека на улицата „Јуриј Гагарин" патничко возило „ауди" со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Н. (40) од Скопје, удрило во велосипедист Т.К. (51) од Скопје. Т.К. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември" каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на двете сообраќајки извршила екипа од СВР Скопје.

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе