Во Скопје сообраќајната полиција казни 47 пешаци

Во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, полицијата во Скопје вчера изрече вкупно 232 мерки од кои 34 за возење повеќе од дозволената брзина, 15 за возење без возачка дозвола, а четири за технички неисправни возила во јавниот превоз.

Исто така, изречени се 14 санкции за користење мобилен телефон, седум за некористење сигурносен појас, 47 за прекршоци што ги чинат пешаците, девет за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, шест за непрописно престројување и 65 санкции за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе