Во Скопје

Приведен Бугарин баран со потерница

Полициските службеници од СВР Скопје го привеле П.И.М.(63) од Република Бугарија кој се барал со меѓународна потерница за кривично дело силување и противправно лишување од слобода, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Вчера во 12.00 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од СВР Скопје го привеле П.И.М.(63) од Р.Бугарија, кој се барал со меѓународна потерница од Интерпол Софија. Лицето е задржано во Полициски станица Центар за понатамошна постапка", велат од МВР.

Од страна на судија на претходна постапка му е одреден екстрадициски притвор во траење од 30 дена и спроведено во КПУ Затвор Скопје.

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе