Во Скопје полицијата напиша казни за 21 моторџија

Во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, полицијата вчера на територијата на град Скопје изрече вкупно 152 мерки, меѓу кои 28 за возење повеќе од дозволената брзина, осум за возење без возачка дозвола и 21 за прекршок што го чинат возачите за мотоцикли.

Изречени се и 12 санкции за користење мобилен телефон, седум за некористење сигурносен појас, девет за непочитување на првенство на минување, седум за минување на затворен сигнал (црвено светло) и 42 санкции за непрописно паркирани возила.  

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе