Во Скопје полицијата напиша 35 казни за брзо возење

Во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот полицијата во Скопје вчера изрече вкупно 151 мерка, меѓу кои 35 за возење повеќе од дозволената брзина, 16 за возење без возачка дозвола и шест за технички неисправни возила во јавниот превоз.

Исто така, изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон, четири за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла),  шест за минување на затворен сигнал (црвено светло), како и четири санкции за нерегистрирани возила.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

 

Римскиот политичар и филозоф, Марк Тулиј Цицерон, во I век пред н.е. укажал дека „кога немате основа за аргумент, злоставувајте го тој што ве обвинува“.

повеќе

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе