Во Скопје поднесени се кривични пријави за питачење

Скопската полиција заедно со вработените во јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа - Скопје, од 8 до 15 април преземаа мерки и активности за спречување на питачење. Притоа приведени биле С.К. (26), Б.Б. (33) и Е.Л. (30) сите од Скопје. С.К. и Е.Л. заедно со своите малолетни деца, и малолетник чиј старател/родител е Б.Б. биле затекнати при питачење на крстосници и булевари и пред верски објекти на подрачјето на Скопје.

 Со нив бил извршен службен разговор и по целосното документирање на случајот против нив ќе следат кривични пријави, поради постоење сомневање за сторено кривично дело по чл.201 од Кривичниот законик.

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе