Во Скопје напишани 52 казни за брзо возење

Вкупно 198 сообраќајни прекршоци се регистрирани во Скопје во текот на вчерашниот ден, а од нив 52 се за брзо возење, 8 за возење без возачка дозвола, а три за нерегистрирани возила.

Исто така, изречени се 12 санкции за користење мобилен телефон, три за возење под дејство на алкохол, пет за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, три за некористење сигурносен појас, три за минување на затворен сигнал (црвено светло) и 63 санкции за непрописно паркирање.  

Од МВР најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.   

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе