Во Скопје напишани 21 казна за брзо возење

Во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, полицијата во Скопје вчера изрече вкупно 141 мерка, од кои 21 се за возење со брзина поголема од дозволената, а 17 за возење без возачка дозвола.

Исто така, изречени се две мерки за минување на возила на црвено светло, една за возење под дејство на алкохол, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири за неносење на сигурносен појас, осум за користење на мобилен телефон, три за прекршоци што ги чинат возачите на моторцикли, како и 48 мерки за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

 

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе