Во Скопје казни за 41 брз возач

Полицијата во Скопје, вчера во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот изрече вкупно 207 мерки, меѓу кои 41 за возење повеќе од дозволената брзина, 20 за возење без возачка дозвола и 26 за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се и 16 мерки за користење мобилен телефон, седум за прекршоци што ги прават пешаците, шест за минување на затворен сигнал (црвено светло), 10 за непочитување на првенство на минување, девет за некористење на сигурен појас, пет за возење под дејство на алкохол, како и три мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз…

МВР најавува дека засилените акциски контроли продолжуваат. 

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе