Во Скопје казнети се 238 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот на возачите на територијата на град Скопје изрече вкупно 238 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 78 санкции.

Изречени се и 31 мерка за управување под дејство на алкохол, 21 за возење без возачка дозвола, осум за некористење на сигурносен појас, 15 мерки за користење мобилен телефон, 16 за нерегистрирани возила, осум за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум мерки за недавање првенство на минување на пешаци, седум санкции за возач почетник…

Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе