Сообраќајна контрола

Во Скопје казнети 58 пешаци, низ Македонија брзо возеле 250 возачи

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција во Скопје казнила 58 пешаци и 42 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина. Деветнаесет пешаци се казнети и во Тетово. Во цела Македонија за брзо возење се казнети 250 возачи, речиси половината од нив брзината не ја прилагодиле во населено место.

Од санкционираните 250 возачи, 11 управувале со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 119 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 131 надвор од населено место. На територијата на Скопје се казнети 42 возачи.

Сообраќајната полиција во Скопје евидентирала вкупно 224 санкции, од тоа и 20 за возење без возачка дозвола, 7 за возење под дејство на алкохол, десет за технички неисправни и нерегистрирани возила, како и други сообраќајни прекршоци како што се две мерки за неносење на сигурносен појас, четири за минување на црвено светло, пет за возач почетник, 58 за прекршоци што ги чинат пешаците, 54 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, велат од МВР.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе