Полицијата изрекла и 27 казни за технички неисправни и нерегистрирани возила, 20 казни за недавање првенство на пешаци, 14 за користење на мобилен телефон и 49 казни за прекршоци направени од пешаци. За непрописно паркирање изречени се 87 казни, а 54 за неносење на заштитна маска.
Од МВР додаваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.