Во Скопје казнети 357 возачи, 36 биле без дозвола, 28 зборувале на мобилен

Во рамките на засилените акциски контроли на МВР во областа на сообраќајот вчера во Скопје се изречени вкупно 357 казни, од кои најмногу-36 се за возење без возачка дозвола.

Во истиот период казнети се 21 возач за технички неисправни и нерегистрирани возила, 28 за користење на мобилен телефон и 8 за управување под дејство на алкохол. Изречени се 54 мерки за непрописно паркирање, а со специјално возило „пајак“ и подигнати се 35 возила. За неносење на  заштитна маска изречени се 23 казни. 

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе