Во Скопје казнети 339 возачи, 108 за брзо возење

Во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје вчера се изречени вкупно 339 казни, информира МВР.

Според информацијата од МВР, за возење без возачка дозвола казнети се 22 лица, за пречекорување на дозволената брзина на движење се 108 прекршоци, а за технички неисправни и нерегистрирани возила казнети се 16 лица. Исто така, казнети се и седум мотоциклисти, а изречени се и 73 мерки за непрописно паркирање, како и 84 казни за неносење на заштитна маска.

Од МВР потсетуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи заради зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе