Во Скопје казнети 319 возачи, од нив 83 за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот полицијата во Скопје изрече вкупно 319 мерки, меѓу кои 83 за возење повеќе од дозволената брзина, 20 за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), како и 18 за прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли.

Изречени се и 18 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 12 за возење под дејство на алкохол, 19 за користење мобилен телефон, 13 за некористење сигурносен појас, 10 за минување на затворен сигнал (црвено светло) и 61 санкција за непрописно паркирање.  
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

 

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе