Во Скопје казнети 300 возачи, 57 за брзо возење, а 56 немале дозвола

Вчера во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, во Скопје се изречени 300 мерки од кои 57 биле за возење повеќе од дозволената брзина, 56 за возење без возачка дозвола, а 23 за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се и 19 мерки за користење мобилен телефон, осум за некористење сигурносен појас, пет за возење под дејство на алкохол,  шест за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе