Во Скопје казнети 243 возачи, 25 немале дозвола, 20 биле под дејство на алкохол...

Полицијата во Скопје во рамки на засилените сообраќајни контроли вчера изрече вкупно 243 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции.

Изречени се 20 санкции за управување возило под дејство на алкохол, 27 за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, како и 25 санкции за управување без возачка дозвола. Според МВР, изречени се и 27 санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, седум за некористење сигурносен појас, 13 за користење мобилен телефон при управување возило, 10 за вградени неатестирани фолии, две за минување на затворен сигнал (црвено светло), како и 57 санкции за непрописно паркирање.

Од МВР најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе