Во Скопје казнети 23 пешаци

Полицијата, во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, вчера во Скопје изрече вкупно 132 мерки од кои 17 се за возење повеќе од дозволената брзина, 10 за возење без возачка дозвола, како и 23 за прекршоци што ги чинат пешаците.

Изречени се и осум мерки за возење под дејство на алкохол, шест за нерегистрирани возила, осум за користење мобилен телефон и 28 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

 

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе