Исто така, изречени се 13 казни за управување со брзина поголема од дозволената, 32 за возење без возачка дозвола, 22 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 12 за користење на мобилен телефон и 4 мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло).
Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.