Засилени сообраќакни патроли

Во Скопје казнети 202 возачи, „пајакот“ крена 49 автомобили

Сообраќајната контрола открила 29 возачи без возачка дозвола и 13 технички неисправни возила.

Само на територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 202 мерки, во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот што ги спроведува Министерството за внатрешни работи.

Од МВР денеска информираа дека за возење без возачка дозвола изречени се 18 санкции, 13 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 65 санкции за непрописно паркирани возила, а 49 возила се подигнати од „пајак" службата, додека 21 санкција за ненозесење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, нагласуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе