Во Скопје казнети 180 возачи Скопје, 36 за брзо возење

Во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот полицијата вчера во Скопје изрече вкупно 180 мерки, информира МВР.

Од вкупниот број казни 36 се за непочитување на брзина на движење, 17 за возење без возачка дозвола, а пет за возач почетник. Исто така, изречени се 18 мерки за користење мобилен телефон, 9 за управување под дејство на алкохол, шест за некористење сигурносен појас и 49 за непрописно паркирани возила.
Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. 

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе