Во Скопје казнети 153 возачи, 61 за брзо возење

Полицијата вчера, во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје изрече вкупно 153 мерки, меѓу кои 61 за возење повеќе од дозволената брзина, пет за возење без возачка дозвола и 10 за некористење сигурносен појас.

Исто така, изречени се 13 санкции за користење мобилен телефон, пет прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли и 35 мерки за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.  

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе