Во Скопје казнети 15 мотоциклисти, во Тетово 62, во Битола 57, а во Куманово 52 мотоциклисти

МВР соопшти дека за време на вчерашните сообраќајни котроли во Скопје се казнети 15 мотоциклисти, додека во Битоа, во периодот од 18 до 24 часот, во акциска контрола, биле казнети 57 мотоциклисти, а три мотори биле одземени.  Битолската полиција казнила 30 возачи кои не користеле заштитна кацига, 17 мотоцикл  без возачка дозвола, а одземените мотоцикли се поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава. Во Куманово се казнети 52 мотоциклисти, од нив 41 поради неносење заштитна кацига, а одземени се три мотори. Во Тетово се одземени три мотори, а 62 мотоциклисти се казнети.

За време на сообраќајните контроли во Скопје, изречени биле 109 казни, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 58 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, шест мерки за минување на црвено светло.

Засилените акциски контроли продолжуваат. велат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе