Во Скопје казнети 104 возачи, не застанале на пешачки

На територијата на Скопје сообраќајната полиција вчера изрече вкупно 207 мерки, меѓу кои 104 за недавање предност на пешаци, 6 за возење повеќе од дозволената брзина, 10 за возење без возачка дозвола и 17 санкции за технички неисправни возила.

Изречени се и две мерки за возач почетник, осум за зборување на мобилен телефон, пет за минување на затворен сигнал-црвено светло, како и 14 за прекршоци што ги чинат пешаците.

МВР најавува дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе