Во Скопје кaj шверцер со дрога биле пронајдени 1,793 килограми марихуана

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава против лицето Д.В. (28) поради постоење основи на сомневање за сторено кривичнo делo „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Пред два дена на улицата „Благоја Паровиќ“ полициски службеници забележале како Д.В.  фрла кесе со марихуана. Кесето било пронајдено, а Д.В. бил лишен од слобода. Потоа, со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом, каде биле пронајдени една кеса со марихуана, една вреќа со марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана. По извршеното вештачење било утврдено дека во пакувањата има 1,793 килограма марихуана.  

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе