Засилени сообрајни контроли

Во Скопје изречени 334 казни, само во општина Аеродром 162

На територијата на градот фатени се 32 возачи без возачка дозвола, а само при сообраќајните контроли во Аеродром 18 возачи без возачка дозвола.

Полицијата вчера на територија на Скопје изрекла вкупно 334 мерки, а санкционирани се исто толку возачи. Меѓу казните 32 се за возење без возачка дозвола, 26 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 37 мерки за користење на мобилен телефон, четири санкции за управување под дејство на алкохол, соопшти МВР.

Во засилените акциски контроли на МВР вчера во Скопје се изречени шест мерки за минување на затворен семафор односно на црвено светло, 20 санкционирани пешаци, 64 мерки за непрописно паркирање и 43 подигнати возила со „пајак", а за неносење на заштитна маска изречени се 18 санкции.

Полицијата извести и одделно, за сообраќаните контроли во општина Аеродром. Изречени се вкупно 162 казни, а од нив 18 возачи не поседувале возачка дозвола, а 16 возила не биле регисгрирани.
Казнети се и 26 возачи поради користење на мобилен телефон, 14 немале безбедносен појас, шестмина биле казнети затоа што не носеле заштитна маска на лоцето.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од полицијата.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе