Во Скопје изречени 171 казна за сообраќајни прекршоци

Министерството за внатрешни работи вчера продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот и само во Скопје казни 171 возач.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 171 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, 28 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, четири мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум санкции за користење мобилен телефон, шест мерки за возач почетник, пет санкции за некористење сигурносен појас...
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти МВР.
 
 
 

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе