При сообраќајна контрола

Во Скопје фатени 29 возачи како разговараат на мобилен телефон

За текот на сообраќајните контроли на територијата на Скопје на 29 возачи им се изречени казни поради употреба на мобилен телефон за време на управувањето со возило. Полицијата откри и 34 возачи без возачка дозвола.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција изрече вкупно 299 мерки.

Од нив, 34 се за возење без дозвола, 29 за користење мобилен телефон за време на возењето и 23 за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се и 95 мерки за непрописно паркирање и подигнати се 65 возила со специјално возило пајак. За неносење на заштитна маска изречени се 10 санкции.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе