Во Скопје 83 казни за брзо возење

Во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, вчера полицијата во Скопје изрече вкупно 236 мерки од кои 83 се за возење повеќе од дозволената брзина, 24 за возење без возачка дозвола, 15 за возење под дејство на алкохол, 9 за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, а 6 за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се и 9 санкции за користење мобилен телефон, 4 за минување на затворен сигнал (црвено светло), 5 за некористење сигурносен појас, како и 49 санкции за непрописно паркирање.  

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе