Во Скопје 196 казнети возачи

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 196 мерки, во рамки на вчерашните засилени акциски контроли во областа на сообраќајот, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40.

Од МВР денеска информираа дека 14 казни за возење без возачка дозвола, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила.

„Изречени се 13 мерки за користење мобилен телефон, осум за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 72 за непрописно паркирање“, се наведува во соопштението.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, најавуаат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе