Изречени се три мерки за возење под дејство на алкохол, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за нерегистрирани возила...
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти МВР.