Во Скопје 12 повредени во девет сообраќајки

Дванаесет лица се здобиле со полесни телесни повреди во девет од вкупно 17 сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во осум сообраќајки била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и исклучила од сообраќај 21 возач кои се движеле со брзина поголема од дозволената, еден возач го управувал возилото под дејство на алкохол, девет возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден почетник, како и 17 нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и четворица возачи кои  поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, шест возачи за неправилно престигнување, четворица возачи за неправилно престројување, еден возач за не носење сигурносен појас и 20 возачи користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Санкционирани биле и пет пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин.

Затекнати биле 85 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 68 возила.

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе