Во Штип тешко повреден тракторист

Вчера околу 13часот штипската полиција добила информација дека на патот Бања Кежовоца–депонија Штип, кај место викано Трештена скала има повредено лице во близина на трактор.

На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР-Штип и во присуство на јавен обвинител бил извршен увид, при што било констатирано дека истиот ден околу 12,50 часот, С.К. (52) од Штип управувал трактор во насока Бања Кежовоца–депонија Штип, по што најверојатно паднал од тракторот. Од екипата од Итна медицинска помош С.К. во неконтактибилна состојба бил пренесен во болницата во Штип, каде му биле констатирани телесни повреди. По укажаната медицинска помош, истиот иако е вон животна опасност, бил задржан за понатамошно следење и лекување. Поради неконтактибилноста на повреденото лице, не може да се утврди под какви околности настанала повредата. Се работи на целосно расчистување на настанот.

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе