Во Штип повторно опожарени возила

Во Штип рано изутринава во 5:40 часот на улицата „Сремски фронт“ на паркинг просторот меѓу двете станбени згради е опожарено едно возило, а друго е делумно оштетено.

Емир Чавиров сопственик на возилото марка „мрецедес“ вели дека Противпожарната служба веднаш пристигнала, но возилото за кратко време е целосно изгорено. Вели дека нема никаква причина, ниту пак непријатели за да му наштетат и да му направат вакво злодело. Очекува полицијата да ги најде сторителите на намерното палење на неговиот автомобил. Смета дека сега автомобилот, а утре може и некој да загине при вакво палење на возилата во Штип.

Пред неколку дена беза запалени три возила и две делумно оштетени во штипската наслеба Сењак. Според доказите и во тој случај станува збор за намерно палење на автомобилите со запаливи течности.

Според статистичките податоци на Противожарната служба опожарени се 20 возила во штипскиот регион од почетокот на годината па досега, а службите на СВР Штип треба да излезат со конкретни податоци колку од возилата се случајно запалени, а колку од нив се дело на пиромани. 

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе