Во семејна расправија 15-годишник со нож ги нападнал таткото и сестрата

Петнаесетгодишен малолетник од Скопје вчера бил физички нападнат со дрвен предмет од неговиот татко С.Т. (50) по што настанала физичка пресметка во која малолетникот со остар предмет ги нападнал неговиот татко и сестра А.Т. (22), која се обидувала да ги раздели.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, вчера во 20:33 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „391“ во Скопје, по претходна расправија настанала семејната пресметка.

Лицата биле пренесени во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе