Во изминатото деноноќие во Скопје

Во седум сообраќајки повредени две лица

Во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на Скопје се случиле вкупно седум сообраќајни несреќи, две лица биле полесно повредени.

Полицијата санкцинирала 42 возачи кои управувале возило со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени седум возачи од кои еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол и шест возачи бидејќи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило.

Полицијата од сообраќај исклучила и шест возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкционирани се и пет возачи бидејќи поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, 10 поради неправилно престројување и еден возач поради неправилно престигнување.

Казнети се и тројца пешаци кои поминале на коловоз надвор од пешачки премин и 12 пешаци затоа што поминале коловоз на црвено светло.

Во текот на изминатиот ден издадени се 84 мандатни платни налози и 78 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

 

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе

Анализа на проф. д-р Гордан Калајџиев на Решението У.бр.96/2016 од Уставниот суд.

повеќе