Во притвор разбојник кој влегол во куќа и ги нападнал домашните, а еден човек починал

Поднесена е кривична пријава и е одобрен притвор за 52-годишен скопјанец кој минатата година, заедно со уште две лица, влегол во куќа во Глумово каде извршиле разбојништво и физички ги нападнале сопружниците. Неколку дена подоцна починал еден од сопружниците.

Кривичен суд

„Единицата за внатрешни работи Чаир при СВР Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против З.П.(52) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело 'разбојништво' по член 237 став 5 од Кривичниот законик.

Тој, со уште две лица, на 8.11.2021 во с.Глуво, скопско, физички ги нападнале Ѓ.Ж. и В.Ж. во нивниот дом и извршиле разбојништво, по што, по неколку дена Ѓ.Ж. починал од здобиените повреди.

На 19 септември годинава, по наредба на авен обвинител, полициски службеници од Единицата за насилен криминал извршиле претрес во домот на пријавениот, при што го пронашле и лишиле од слобода. Додека, вчера З.П. бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му одредил мерка притвор“, се вели во информацијата на МВР.

Легенда под Главна слика

Кривичен суд

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе