„Бмв“ удри во 74-годишен велосипедист во прилепско

Вчера попладне на регионалниот пат Прилеп – Крушево, патничко возило „бмв“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(21) од с.Воѓани, прилепско, удрило во велосипед, управуван од С.Б.(74) од Прилеп.

Во незгодата, како што соопшти МВР, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе