Вчера во 14.20 часот на крстосница од улиците „Војводинска" и „Ладо Ланецот" во Прилеп, патничко возило „Фиат добло" со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ѓ.(49) од Прилеп удрило во осумгодишно дете од Прилеп.
Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Градската болница- Прилеп каде му била укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.
Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.
Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.