Во пожар во Режановце изгоре куќа, повреден е сопственикот

Пожар избувнал во семејна куќа во кумановското село Режановце. Сопственикот се здобил со повреди и е пренесен на лекување на скопските клиники, соопшти денеска СВР Куманово.

„Вчера околу 18:20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Режановце, Кумановско, настанал пожар во куќа сопственост на Д.С.(34). Куќата целосно изгорела, а од пожарот Д.С. се здобил со повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза" за укажување лекарска помош“, соопшти полицијата.

Пожарот бил изгаснат од екипа на територијалната противпожарна единица Куманово.

Според податоците на Регионалниот центар за управување со кризи Куманово, пожарот избувнал во попладневните часови, а го гаселе две противпожарни возила со шестмина пожарникари од 18:18 до 20:40 часот.

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе