Интервенирале три противпожарни возила

Во пожар целосно изгоре училиштето во тетовско Ново Село

Во пожар што избувна денеска попладне целосно е изгорено ОУ „11 Октомври“ во тетовско  Ново Село 2, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски. Во пожарот нема повредени. Опожарено е и едно возило што било паркирано во блзина на училиштето.

Според неговите податоци, директорот на училиштето околу 13:45 часот во полициската станица Камењане пријавил дека гори покривната конструкција од училиштето што било потврдено од полициска екипа која веднаш била испратена на местото на настанот.

Интервенирале три противпожарни возила од тетовската територијална противпожарна единица кои успеале да го локализираат пожарот, но дури откако изгорел објектот.

Во училиштето учат вкупно 217 учениици во 13 паралелки.

Училиштето „11 Октомври“ било целосно реконструирано пред две години.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе