Во Порој инспектори попречувани при контрола на угостителски објект

Инспектори во Државниот пазарен инспекторат Тетово извршиле контрола во угостителски објект во село Порој, тетовско, сопственост на Ш.К. од Порој, при што констатирале дека објектот работи по дозволеното време и во него биле затекнати повеќе од 20 гости.

По целосно документирање на случајот против сопственикот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик. Според пријавеното, за време на преземање на службените дејствија, инспекторите биле попречувани од М.Б. од Порој, кој се обидел и физички да ги нападне, но бил спречен од присутните.

По целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе