Во пет сообраќајќи повредени 16 лица

Во Македонија во текот на вчерашниот ден се случиле и повеќе сообраќајни несреќи во кои 12 лица добиле потешки или полесни телесни повреди, а во еден случај пожарникари биле приморани да вадат двајца патници од уништено патничко возило.

Во сообраќајка на булеварот „Александар Македонски“ со тешки телесни повреди завршила сопатничката К.С. која била во возилото „лада нива“ управувано од Т.А. (70) од Скопје.

Во Скопје се случила уште една сообраќајна несреќа, на крстосницата улиците “Димо Хаџи Димов“ и “Божидар Аџија“ во која настрадал велосипедистот Ц.П. (64) од Скопје кој добил тешки телесни побвреди.

Во судир на возилата „мини купер“ и „сеат алтеа“ со тешки телесни повреди се здобила возачот на „куперот“ Е.М. (25) од Скопје и А.А. (18), возачот на „алтеата“. Со телесни повреди завршиле и Д.С.(25) од Скопје, Б.В.(20), Џ.С. (29) и А.А. (24).

Во Пробиштип во сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел мерива“ со кочански регистерски таблици управувано од Д.Н. (32) од Кочани и патничко моторно возило „сеад толедо“ со струшки регистерски таблици управувано од К.Д. (53) од Пробиштип, со телесни повреди завршиле повеќе лица. Во оваа сообраќајка територијалната противпожарна едниница-Пробиштип била приморана да интервенира и од возилото „сеад толедо“ да ги вади возачот К.Д. и сопатниците Г.Д., А.Д. и С.Д. Со телесни повреди се здобил и возачот на „опелот“ Д.Н.

Г.Ј. (43) од Неготино рано утрово со својот „мерцедес“ на патот од Свети Николе кон Овче Поле  удрил во дрво, по што возилото се превртело. Возачот добил телесни повреди, а сопатникот З.К. (55) од Штип добил тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Штип бил пренесен во скопските клиники.

На денешен ден, 18 февруари 2013 година, Собранието на РМ го избра Талат Џафери за министер за одбрана.

повеќе

Народот е тој што треба да кажува дали политичарите се умни, знаат, ќе одлучи или пак ќе бара нивна смена.

повеќе

„Бејоеремите" веќе многу долги години имале и имаат јазик којшто (Слушни! Слушни добро!) сите, освен нас, го нарекуваат „македонски".

повеќе