При изведување на градежни работи

Во несреќен случај загина работник, го прегазиле со камион

Вчера во несреќен случај почина маж вработен во фирма која изведувала градежни работи за изградба на термоцентрала.

Како што информираа од полицијата на 11 јануари околу 10 часот на локалниот пат за гостиварското село Падалиште на околу еден километар од железничкиот надвозник, во несреќен случај починал М.К. (67) од Гостивар, вработен во гостиварска фирма која изведувала градежни работи за изградба на термоцентрала.

Друг вработен во истата фирма, управувајќи товарно возило мерцедес, со гостиварски регистарски ознаки, се движел наназад  и, без да забележи, со задниот дел од приколката го удрил М.К., кој паднал на земја од ударот, а потоа бил прегазен со задните тркала во пределот на нозете, по што починал.

Смрт била констатиран од лекар од Итна медицинска помош Гостивар. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар, во присуство на инспектор од трудова испекција.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Денес спортот и спортистите се дел од политиката и служат како средство за препукување меѓу политичарите.

повеќе

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе