Блиску до границата со Србија

Во нелегален камп мигранти биле ограбувани и сексуално искористувани, уапсени четири лица од Пакистан и Авганистан

На барање на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во притвор се двајца Авганистанци и двајца Пакистанци кои биле дел од група за криумчарење на мигранти преку границата со Србија. Двајца од организаторите не се достапни. На мигрантите им биле одземани телефоните и парите, а на семејства им испраќале фотографии со барање да им бидат пратени пари заради транспорт кон ЕУ. Мигрантите, меѓу кои имало и деца, биле измачувани, понижувани и изложени и на сексуални изживувања.

„Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истрага против две полнолетни лица од Пакистан и двајца малолетници од Авганистан. Осомничените се товарат дека сториле кривично дело Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти од член 418-в став 2 и кривично дело Криумчарење на мигранти од член 418-б став 4 в.в. став 2 и 3 од Кривичниот законик“, информира Обвинителството.

Во соопштението се вели дека во периодот од август до ноември две непознати лица од Пакистан создале организирана група на која припадници станале и осомничените. За непречено дејствување на групата тие создале импровизирани кампови во близина на границата со  Србија каде ги прифаќале и сместувале мигрантите кои илегално влегувале од територијата на Грција, а од таму илегално ги пренесувале во Србија и земјите на ЕУ.

„Во камповите мигрантите присилно биле задржувани, им биле одземани мобилните телефони и личните документи со што им оневозможувале каков било контакт надвор од кампот. Искористувајќи ја нивната немоќ, осомничените физички ги малтретирале жртвите, ги фотографирале и фотографиите ги испраќале на нивните семејства од кои барале парични средства за да ги пуштат жртвите да ја продолжат рутата, со употреба на сила и закана изнудувале парични средства и од жртвите кон кои се однесувале на крајно суров и понижувачки начин, а со некои имале и полови односи“, вели Обвинителството.

Како резултат на меѓународна соработка со органите на прогон од Србија каде двајца оштетени мигранти ги пријавиле настаните, импровизираниот камп е откриен и во текот на вчерашниот ден е спроведена координираната акција.

„Во кампот се пронајдени 35 мигранти од кои девет се деца на возраст од четиринаесет и петнаесет години. Осомничените се изведени пред судија на претходна постапка кој го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и на сите осомничени со решение им определи мерка – притвор во траење од 30 дена. За кривичните дела за кои се товарат осомничените е предвидена казна затвор во траење од најмалку 8 години“, се вели во соопштението.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе