Во неколку полициски акции приведени дилери на дрога

Неколку лица се приведени во полициски акции во земјава против дилери на дрога. Како што информира МВР, вчера во 22.30 часот во с.Жеровјане, Тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода лицето А.И.(42) од с.Чегране, поради тоа што при извршен преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен содветен поднесок.

Претходниот ден во 22.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија на ул.„Маршал Тито" во Гевгелија ги лишиле од слобода Б.П.(19), А.Н.(18), Ф.Д.(18), Ѓ.К.(18) и П.П.(20) од Гевгелија, поради тоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана. Исто така, марихуана била пронајдена и одземена при претрес во домот на Б.П., извршен со судска наредба. Лицата биле приведени и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

СВР Куманово на 3.12.2019 година поднесе кривична пријава против Д.Ј. (32) од Куманово, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори". На 23.07.2019 околу 23 часот на ул.„В.Маслеша", при извршен преглед кај него бил пронајден и одземен кокаин.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Џ.Р.(34) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори". На 7.03.2019 полициски службеници извршиле претрес во куќата во која престојувал пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и трамадол.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против 16-годишен малолетник од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичнo делo „овозможување употреба на наркотични дроги". На 7.09.2019 во 22.30 часот пријавениот му посредувал на Т.М. од Велес за набавка на марихуана.

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе